Грците задоволни од изјавата на Лавров, иако Русија не може да стави вето на проширувањето на НАТО

30.09.2014 12:14

Русија нема право на вето во НАТО бидејќи не е членка...

Грчките медиуми ја пренесуваат изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за „Дневни Аваз“ дека на потенцијалното проширување на НАТО во поранешните југословенски републики Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија може да се гледа како на провокација.

„Првпат Русија стави вето на проширувањето на НАТО во Балканот и особено на Скопје, што директно ја засегнува Грција, која самата се бори со неговата интеграција во алијансата“, пишуваат неколку информативни портали, потсетувајќи на ветото што го стави Караманлис за влез на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт.

Инаку Русија нема право на вето во НАТО бидејќи не е членка. Нивните односи се регулирани преку советот НАТО- Русија.