Македонија

Авионска дезинсекција против комарци в сабота во Скопје

02.09.2026 20:27

Од Градот Скопје информираат дека дезинсекцијата ќе се изврши доколку временските услови го дозволуваат тоа.

Градот Скопје во сабота, 5 септември, во раните утрински часови ќе спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на територијата на градот.

Од Градот Скопје информираат дека дезинсекцијата ќе се изврши доколку временските услови го дозволуваат тоа.

Во случај на неповолни временски услови, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден кога ќе има соодветни услови, во истиот временски термин.

Од Градот ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.