Македонија

Премиерот Мицкоски очекува Бугарија како наш партнер во НАТО да постапи по потерницата со која МВР го бара Михаилов

02.09.2026 16:21

Се појави на бугарска телевизија и поттикна повик за негова екстрадиција. Премиерот Мицкоски очекува Софија како партнер во НАТО да ни го испорача Симеон Михаилов, осуденик што Македонија го бара со меѓународна потерница.

Министерството за правда за да почне постапка за екстрадиција на Михаилов, чека да добие известување дека лице кое е лоцирано или уапсено. Но, до овој момент велат од таму немаат добиено такво известување. Премиерот Мицкоски очекува Бугарија како наш партнер во НАТО да постапи по потерницата со која МВР го бара Михаилов, осуден на затворска казна од 12 години и шест месеци во случајот „Детонатор“. Тој иако во бегство се појави во бугарски медиум, говорејќи за случајот на неговата ќерка Ива на која и се суди за сообраќајка во која загина човек од Кочани. Неговото појавување на телевизија повторно го отвора и прашањето за можноста тој да биде достапен за македонските институции.

Меѓу делата за кои Симеон е гонет се обид за убиство, злосторничко здружување и насилство. Осуден е и за обид за убиство на Драганчо Стоименов во скопската населба Аеродром, во рамки на случајот поврзан со кочанската група „Детонатор“. Бугарија нема пракса да ги екстрадира сопствените државјани само врз основа на барање од друга држава. Евентуалното извршување на македонската пресуда би зависело од конкретните правни механизми и постапки меѓу двете земји. Инаку неговата ќерка Ива Михаилова на првото рочиште се изјасни дека не е виновна. Бара да и биде вратен пасошот, со кој би можела да ја напушти земјата за лекување во Бугарија. Судот не и го прифаќа барањето поради обезбедување нејзино присуство во текот на постапката и проценката на опасност од бегство. Таа е и бугарска државјанка, па Софија будно го следи случајот. На притисок.

 

Фиљана Кока