Мицкоски: Растот на БДП годинава се очекува да биде меѓу 3,5 и 4 отсто
Одговарајќи на новинарско прашање при промоцијата на „Градскиот воз“, Мицкоски истакна дека економскиот раст се остварува и покрај предизвиците во Европа, која е најголем трговски партнер на земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува продолжување на растот на македонската економија, со проекција БДП годинава да порасне меѓу 3,5 и 4 отсто.
Одговарајќи на новинарско прашање при промоцијата на „Градскиот воз“, Мицкоски истакна дека економскиот раст се остварува и покрај предизвиците во Европа, која е најголем трговски партнер на земјава.
Тој потсети дека 2024 година Македонија ја завршила со реален раст на БДП од 3 отсто, додека во 2025 година растот изнесувал 3,5 отсто.
„Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4%, значи тој континуиран раст на БДП реален да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8%“, изјави Мицкоски.
Премиерот посочи дека предизвик претставува фактот што европската економија расте со помалку од еден отсто годишно, а Европската Унија е најголем трговски партнер на Македонија.
„Владата е избрана да ги решава проблемите на граѓаните и така и ќе продолжи без да создава нови“, порача Мицкоски.
