Енергетика

Владата одобри формирање оператор на пазарот на природен гас

02.09.2026 15:43

За оператор е определен МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој треба да ја започне постапката и да изготви план за организациското, техничкото, ИТ и финансиското воспоставување на пазарот.

Владата донесе заклучоци за воспоставување оператор на пазарот на природен гас, со што се отвора патот кон поголема либерализација и модернизација на гасниот сектор.

За оператор е определен МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој треба да ја започне постапката и да изготви план за организациското, техничкото, ИТ и финансиското воспоставување на пазарот.

Од Министерството за енергетика велат дека решението ќе овозможи поголема конкуренција и транспарентност, како и усогласување со европските регулативи.

Формирањето на операторот се поврзува и со подготовките за гасните интерконектори со Грција и Србија, кои треба да овозможат пристап до нови извори на природен гас.