Финансии

Арљинда Хасани Синани избрана за вицегувернерка на Народната банка

02.09.2026 14:41

Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно искуство во банкарскиот сектор, каде работела на стручни и раководни позиции во кредитирање, управување со ризици и деловно банкарство.

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, на предлог на гувернерот Трајко Славески. Мандатот ќе ѝ трае седум години.

Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно искуство во банкарскиот сектор, каде работела на стручни и раководни позиции во кредитирање, управување со ризици и деловно банкарство.

Во текот на кариерата била на повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ и „Стопанска банка“, каде од 2023 година била регионален директор за Северозападниот Регион.

Од Народната банка оценуваат дека нејзиното именување ќе придонесе за зајакнување на професионалниот капацитет на институцијата и одржување на стабилен и сигурен финансиски систем.