Детето што прободе врсник во Чаир е под законската граница за кривична одговорност
Нож во срце на 13 години, а за еден од осомничените нема кривична одговорност. Стабилна е состојбата на момчето кое беше избодено во крвавата пресметка во Чаир. Во тепачката летале ножеви и бејзбол палки, тројца биле повредени – а меѓу осомничените е и дете кое поради возраста не може кривично да одговара.

Стабилно е состојбата на 13-годишното момче коешто се лекува на Интензивна нега во Клиничкиот центар, откако со нож беше прободено во срце, по тепачка во Чаир.
Пациентот во Ургентниот центар бил примен во понеделник во вечерните часови и веднаш е оперира. За осомничениот Б.И. за насилство врз дете по предлог на Основното јавно обвинителство судија на претходна постапка му определи мерки за обезбедување на присуство.
Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност со нож им нанеле тешки повреди на 13-годишниот малолетник и едно полнолетно лице и полесни повреди на едно дете. Крвавиот инцидент се случил пред два дена, во 22 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во скопски Чаир.
Петте лица од кои само едно било полнолетно во пресметката користеле ножеви и бејзбол палки. Министерот за здравство информираше дека момчето е во тешка состојба и дека лекарите направиле се што можеле.
Наташа Јанчиќ Менковски
