Почина универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Јован Донев
По кратко боледување, денеска во Скопје, на 71-годишна возраст почина универзитетскиот професор и амбасадор Јован Донев. Тој зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера.

По кратко боледување, денеска во Скопје, на 71-годишна возраст почина универзитетскиот професор и амбасадор Јован Донев. Тој зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера. Беше редовен професор на Институтот за национална историја, има предавано и на Правниот факултет и на Американ колеџ, а своевремено беше директор и на Институтот „Евробалкан“.
Донев од 2013 до 2017 година беше амбасадор во Обединетото Кралство. Автор и на многу научни трудови и публикации од областа на историјата, меѓународните односи и надворешната политика, а беше активен и како колумнист и политички аналитичар.
