Пороен дожд и нестабилно време синоќа зафати повеќе градови низ земјава
Пороен дожд, грмежи и нестабилно време синоќа зафати повеќе градови низ земјава. Невремето беше поизразено во кавадаречкиот регион, како и во струмичко, каде што водата навлезе и во објекти, меѓу кои и во катна гаража, а имаше и паднати дрвја...
Пороен дожд и нестабилно време синоќа зафати повеќе градови низ земјава

Пороен дожд, грмежи и нестабилно време синоќа зафати повеќе градови низ земјава. Невремето беше поизразено во кавадаречкиот регион, како и во струмичко, каде што водата навлезе и во објекти, меѓу кои и во катна гаража, а имаше и паднати дрвја. Пожарникарите на повеќе места ја испумпуваа водата.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека нестабилноста ќе продолжи и денеска, во попладневните часови повторно се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
