Блиски Исток

Ескалира конфликтот меѓу САД и Иран

03.09.2026 13:20

Обновените борби со Иран нема да траат „предолго“-изјави Трамп, но предупреди дека САД се подготвени да го нападнат „во секое време“. Во истовреме, Рубио ги предупреди земјите што му помагаат на Техеран дека ќе се соочат со санкции од САД.

Конфликтот меѓу САД и Иран ескалира додека Израел се подготвува за можен ирански напад. Нетанјаху вели дека работи на соборување на иранската влада и дека „сите израелски системи“ се вклучени. Обновените борби со Иран нема да траат „предолго“-изјави Трамп, но предупреди дека САД се подготвени да го нападнат „во секое време“. Во истовреме, Рубио ги предупреди земјите што му помагаат на Техеран дека ќе се соочат со санкции од САД.

„Не мислам дека ќе трае долго. Ја уништивме целата нова опрема што се обидоа да ја постават по должината на Ормускиот теснец, и одбранбена и офанзивна. Нападот беше исклучително жесток и ние сме подготвени да извршиме уште еден кога ќе посакаме“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Техеран најави „нова стратегија“ во војната, а иранското Министерство за здравство соопшти дека во американските напади загинале 18 лица, а 142 се повредени. ОН повикаа на враќање на преговорите.