Свет
Токсичен чад од пожарите се шири низ Азија
03.09.2026 10:35
Поради ширење на чадот кон Филипините и Малезија, здравствени власти го вклучија алармот.

Токсичен чад од шумските пожари кои со недели горат во Индонезија се шири низ регионот додека милиони луѓе се изложени на загадениот воздух. Веќе над 50 илјади лица се хоспитализирани поради респираторни инфекции.
Поради ширење на чадот кон Филипините и Малезија, здравствени власти го вклучија алармот. Во делови од Малезија се затворени училиштата, додека последиците веќе се чувствуваат на Филипините.
