ЦУК

27 пожари на отворено во изминатото деноноќие, два се активни

03.09.2026 08:41

Активни се пожарите во Општина Маврово и Ростуше, кај месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, и во Шуто Оризари, кај Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија.

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, два се активни, три се ставени под контрола, а 22 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Маврово и Ростуше, кај месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, и во Шуто Оризари, кај Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија.

Под контрола се пожарите во Општина Зелениково, над селото Палиград – Преслап, во Општина Сарај, кај селото Копаница, и во Општина Струга, кај селата Пискупштина, Буринец и Локов.