Статистика

Бројот на работници во индустријата намален за 2,6% во јули

03.09.2026 09:51

Според главните индустриски групи, најголем пад има кај нетрајните производи за широка потрошувачка, каде бројот на работниците е намален за 3,6 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава е намален за 2,6 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо намалување е регистрирано во секторот „Рударство и вадење камен“.

Во секторот „Рударство и вадење камен“ бројот на работниците е намален за 7,8 отсто, во „Преработувачка индустрија“ за 2,3 отсто, а во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,9 отсто.

Според главните индустриски групи, најголем пад има кај нетрајните производи за широка потрошувачка, каде бројот на работниците е намален за 3,6 отсто.

Следуваат групите Енергија, со пад од 3,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија, со 2,4 отсто, Капитални производи, со 2,3 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка, со намалување од 2 отсто.