Преку ИПАРД-2 во земјоделството ќе влезат 106 милиони евра европски пари

30.09.2014 13:14

ИПАРД-2 е проектирана на вкупно 106 милиони евра од кои 60 се наменети за кофинансирање инвестиции во земјоделството...

Преку програмата ИПАРД - 2 за периодот до 2020-та година во земјоделството ќе се искористат 106 милиони евра европски пари.  60 милиони се за кофинансирање на инвестициски проекти, а другите 56 милиони евра од Европската унија ќе се наменат за изградба на мали системи за наводнување.  

Имајќи ги предвид искуствата од спроведувањето на ИПАРД-1 Програмата која досега е искористена само 11 отсто, работиме на мерки кои ќе помогнат ситуацијата значително да се подобри и Македонија да успее да извлече максимум средства кои се и тоа како добредојдени за агробизнисот и развојот на руралната економија, истакна денеска министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

ИПАРД-2 е проектирана на вкупно 106 милиони евра од кои 60 се наменети за кофинансирање инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија, а останатите 56 првенствено ќе се вложат во изградба на мали системи за наводнување, за изградба на пристапни патишта до обработливите површини и електрификација на полињата.