Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, на ред се вештаците на одбраната
Со распитот на тимот вештаци од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството.

Со испитување на вештите лица предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со распитот на тимот вештаци од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството.
По завршувањето на доказите на Обвинителството, одбраната треба да започне со изведување на своите докази.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“, кој избувна на 16 март 2025 година, загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Според обвинението, трагедијата била последица на сериозни пропусти во почитувањето на безбедносните и противпожарните стандарди.
