Кина
Тајфунот „Саудел“ ја погоди источна Кина, илјадници евакуирани поради поплави
03.09.2026 11:35
Во делови од провинциите Фуџијан и Џеџијанг се затворени училишта и работни места, а прекинат е и автобускиот сообраќај...

Тајфунот „Саудел“ предизвика поројни дождови и поплави во источна Кина, поради што властите прогласија највисоко ниво на тревога. Во делови од провинциите Фуџијан и Џеџијанг се затворени училишта и работни места, а прекинат е и автобускиот сообраќај.
Илјадници жители се евакуирани, додека спасувачките екипи со чамци извлекуваат луѓе заробени во поплавените домови.
