Расте бројот на жртви од семејно насилство, предвидени построги казни за сторителите
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов посочи дека со регулирањето на семејното насилство во позитивното законодавство државата воведе задолжителното давање соодветна заштита на жртвата на семејно насилство..

Надлежните институции и експертската јавност ги соочија ставовите за новините во законот за семејно насилство. Зголемен е бројот на пријавени случаи. Жртвите не се плашат да го пријават семејното насилство, свесни дека ги штити Законот. За сторителите се предвидени построги казни.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов посочи дека со регулирањето на семејното насилство во позитивното законодавство државата воведе задолжителното давање соодветна заштита на жртвата на семејно насилство, како и дополнителна правна заштита на жртвите во овие случаи.
Во националното законодавство на Република Македонија регулиран е проблемот на семејното насилство како во граѓанското, така и во казненото законодавство, со што се обезбеди сообразност со меѓународните стандарди и препораки во оваа сфера, кои налагаат воведување на сеопфатни законски решенија, односно превенирање и сузбивање на семејното насилство и воведување на привремени мерки за заштита на жртвите, рече Спасов.
Во светот годишно 13 милиони жени се жртви на насилство, во Македонија се регистрирани неколку стотици.
