Западнонилска треска: Седум починати, нов сомнителен случај во Радишани
Седум лица досега починале од западнонилска треска во земјава. Последниот смртен случај е 69-годишен маж од Гази Баба, кој повеќе од 38 дена бил хоспитализиран. Во изминатите три дена е регистриран и нов сомнителен случај од Радишани.

Еден пациент починал, а регистриран е и еден нов сомнителен случај на западнонилска треска во изминатите три дена, информира министерот за здравство Сашо Клековски.
Починатиот пациент бил 69-годишен маж од Општина Гази Баба, кој имал коморбидитети и бил најдолго хоспитализиран – повеќе од 38 дена. Со овој случај, бројот на починати од западнонилска треска во земјава се искачи на седум.
Според Клековски, сите починати досега се мажи. Во истиот период е регистриран и еден нов сомнителен случај, од Радишани.
Бројот на хоспитализирани пациенти останува 19.
