Култура

Сулејмани на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер за културната соработка и „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“

03.09.2026 13:55

На средбата биле разгледани можностите за конкретизирање на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка во културата и туризмот, како и заеднички проекти поврзани со културното наследство, креативните индустрии и културната размена.

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер и директорот на Францускиот институт, Грегоар Жислер.

На средбата биле разгледани можностите за конкретизирање на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка во културата и туризмот, како и заеднички проекти поврзани со културното наследство, креативните индустрии и културната размена.

Соговорниците разговарале и за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, како и за можностите за соработка со францускиот град Бурж, кој во 2028 година исто така ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата.

Сулејмани го истакнал значењето на партнерството со Франција и подготвеноста за унапредување на соработката преку конкретни иницијативи и проекти.