Здравство

Седма жртва на западнонилска треска, расте ризикот од морбили

03.09.2026 18:44

Седма жртва на западнонилската треска е 69-годишен маж од Гази Баба, а 19 пациенти сè уште се лекуваат. Од здравство предупредуваат дека нискиот опфат со вакцинација против морбили може да доведе до епидемија и најавуваат мерки доколку продолжи трендот.

Западнонилската треска ја зеде седмата жртва. Почина 69-годишен маж од Гази Баба кој најдолго бил на лекување. На лекување се уште 19 пациенти, а еден е сомнителен случај од скопско Радишани.

Со донација од половина милион долари од САД на 1,2 милиони единици фактор за коагулација 8 за пациенти со хемофилија, е надминат проблемот со недостигот.

Во стабилна, но животозагрозувачка состојба е 13-годишникот којшто беше прободен со нож во срце, информираше министерот за здравство. Поради сè повеќе случаи на морбили во соседството, од здравство апелираат децата да ги примат вакцините во поголем број за да се постигне колективна отпорност.

Скопје води на листата градови што бојкотираат, за разлика од помалите. Ако продолжи трендот, од здравство најавија мерки за да се спречи епидемија.

Ирина Гелевска