Комунална хигиена

49 нови возила и специјализирана опрема за почисти улици во Скопје

03.09.2026 16:59

Владата и Зелс на општините ќе им излезат во пресрет со нови возила и опрема за комунална хигиена. Премиерот Мицкоски, вицепремиерот Николоски и градоначалникот и претседател на ЗЕЛС Ѓорѓиевски се надеваат дека со овие возила ќе се влијае на зголемувањето на хигиената во општините, која е далеку од задоволителна.

Со 49 возила и специјализирана опрема ќе се става крај на грдата слика со отпадот во земјава. Скопските и уште 8 општини добиваат 19 мултифункционални камиони, 9 специјализирани цистерни и 21 мултифункционално возило кое ќе треба да помогне во чистењето на улиците и собирање на сметот. Парите се обезбедни од Светска банка, набавката чини 4.2 милиони евра, посочи вицепремиерот Николоски.

Премиерот Мицкоски дециден оти со овие проекти се става крај на уништените институции. Следен чекор вели е испораката на новите електрични автобуси.

27 од камионите ќе ги користат скопските општини, според градоначалникот Ѓорѓиевски современата механизација треба да стави крај на состојбата со хигиената во Скопје која трае со години. Најави нов третман на отпадот и набавка на нови 3.200 контејнери.

Ѓорѓиевски вели дека состојбата во Јавното комуналното претпријатие е стабилизирана и од 17 возила, сега располагаат со 50, а со сопствени средства ќе бидат набавени и 5 нови камиони.

Викторија Милевска