Судење

На денешното рочиште презентирани податоци од телефонот на Ристов

03.09.2026 17:37

Продолжи судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов во чија семејна куќа беа најдени 350.000 евра соѕидани во ѕид. На Ристов му се суди за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. На судењето беа презентирани и податоци од телефонот на Ристов. Контакти и комуникации со лица за кои се водат судски процеси, адвокати, бизнисмени.

Суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов и неговата сопруга располагале со 600, а неговите родители со 950 илјади евра, покажа финансиското вештачење. Но, сепак и покрај овие приливи, обвинетиот не може да ја оправда сумата соѕидана под плочките во кујната, смета Обвинителството. Одбраната пак тврди дека парите биле заработени законски, а тоа ќе го докажеле со сопствено вештачење.

На судењето беа презентирани и податоци од телефонот на Ристов. Контакти и комуникации со лица за кои се водат судски процеси, адвокати, бизнисмени. Според одбраната, овие докази на Обвинителството немаат вредност, бидејќи како што велат – имањето на броеви на конкретни луѓе во телефонот не е кривично дело.

На Ристов му се суди за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. При претрес на домот на неговите родители беа пронајдени 350 илјади евра смотани во фолии и соѕидани. Обвинителството тврди дека се стекнати незаконски.

Судењето продолжува со изведување на материјални докази.

Ана Јосифоска