Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
04.09.2026 07:54
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 29 и 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
