АХВ
АХВ: Повеќе од 130 пријави за угинати птици
04.09.2026 08:10
Повеќе од 130 пријави за угинати птици пристигнале во Агенцијата за храна и ветеринарство за само четири дена. Досега, вирусот на западнонилска треска е потврден кај три угинати гаврани – два пронајдени во Скопје и еден во Ресен...

Повеќе од 130 пријави за угинати птици пристигнале во Агенцијата за храна и ветеринарство за само четири дена. Досега, вирусот на западнонилска треска е потврден кај три угинати гаврани – два пронајдени во Скопје и еден во Ресен. Од АХВ велат дека дел од пријавените птици биле во напредна фаза на распаѓање и не можеле да бидат лабораториски испитани.
Надзорот продолжува на целата територија, а граѓаните се повикуваат да пријават доколку забележат поголем број угинати птици на едно место во краток период.
