ЦУК

31 пожар на отворен простор, еден активен, три под контрола

04.09.2026 08:43

Активен е пожарот во Општина Ѓорче Петров, во селото Грачани, кој во моментов гори на територијата на Република Косово, во шумски предел.

До 7:30 часот утринава во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив, еден е активен, три се под контрола, а 27 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во Општина Ѓорче Петров, во селото Грачани, кој во моментов гори на територијата на Република Косово, во шумски предел.

Под контрола се пожарите во селото Копаница во Општина Сарај, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Брест, на месноста Рамно на Скопска Црна Гора, каде е зафатена мешана шума, како и пожарот меѓу селата Буринец и Локов во Општина Струга, со зафатена нискостеблеста шума.

Останатите 27 пожари се изгаснати. Тие биле регистрирани на различни локации низ земјава, а најчесто гореле ниска вегетација, сува трева, стрништа, шума и отпад од диви депонии.

Пожари биле регистрирани во повеќе општини, меѓу кои Зелениково, Центар, Бутел, Шуто Оризари, Прилеп, Охрид, Струга, Велес, Липково, Ранковце, Брвеница, Желино, Маврово и Ростуше, Битола, Струмица, Градско, Гостивар и Куманово.