Денеска ќе бидат врачени државните награди „8 Септември“ за 2026 година
Годинашен добитник на наградата за животно дело е Трајчо Димков, кој признанието го добива за исклучителниот придонес во развојот на борењето, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународната спортска сцена.

Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе се одржи свеченото врачување на државната награда „8 Септември“, со која се оддава признание за животно дело, како и за значајни достигнувања во областа на спортот.
Годинашен добитник на наградата за животно дело е Трајчо Димков, кој признанието го добива за исклучителниот придонес во развојот на борењето, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународната спортска сцена.
Државната награда „8 Септември“ за остварувања во спортот годинава ќе им биде доделена и на Димче Ангелов, Ацо Крстов, Дејан Ангеловски и Ангел Мицевски.
Наградите ги доделува Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“, а се наменети за спортисти, тренери, селектори и спортски работници кои оставиле значаен придонес во македонскиот спорт.
