Култура

„Силно светнал ден“ вечерва на Плоштад Македонија во чест на 35 години независност

04.09.2026 09:38

Преку музика, глума и танц, мултимедијалниот спектакл ја раскажува приказната за три и пол децении независна Македонија, со осврт на најзначајните историски моменти, предизвиците, подемите и достигнувањата.

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ вечерва ќе се одржи на Плоштад Македонија во Скопје, како дел од одбележувањето на 35 години независност. Настанот започнува во 20 часот, а ќе настапат повеќе од 120 артисти.

Преку музика, глума и танц, мултимедијалниот спектакл ја раскажува приказната за три и пол децении независна Македонија, со осврт на најзначајните историски моменти, предизвиците, подемите и достигнувањата.

Караванот „Силно светнал ден“ започна на 9 август во Охрид, а досега гостуваше во 11 градови низ земјата. Во неговата реализација учествуваат познати македонски музички изведувачи и актери.

Централната прослава по повод 35-годишнината од независноста ќе се одржи на 8 Септември, со концерт на светски познатиот диџеј и продуцент Давид Гета на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Тој ќе настапи со продукцијата „The Monolith Stadium Show“.

Македонската радио-телевизија ќе врши директен пренос на првиот програмски сервис од вечерашниот музичко-сценски спектакл со почеток од 20 часот.