Трамп го нападна Бајден поради Украина
Трамп тврдеше дека администрацијата на Бајден ѝ дала на Украина бесплатно „многу повеќе муниција“ отколку што американските сили досега потрошиле во Иран...

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД располагаат со „речиси неограничени количества“ муниција за воената операција во Иран, додавајќи дека производството на муниција во земјата достигнува досега невидени нивоа. Трамп ова го објави на „Тruth social“, при што остро ги нападна медиумите, за кои смета дека неточно известуваат за американската воена операција. Во објавата тој повторно го нападна и претходниот претседател, Џо Бајден, поради американската воена помош за Украина.
Трамп тврдеше дека администрацијата на Бајден ѝ дала на Украина бесплатно „многу повеќе муниција“ отколку што американските сили досега потрошиле во Иран.
