РУСИЈА

Путин: Има можност за мир, но тешко се преговара

04.09.2026 11:42

Тој посочи дека САД, Кина и други земји се подготвени да помогнат, но конечниот договор мора да го постигнат Москва и Киев...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои шанса за мировен договор со Украина, но дека преговорите се отежнати поради украинските напади врз бродови и предупредувањата за опасност во рускиот воздушен простор. Тој посочи дека САД, Кина и други земји се подготвени да помогнат, но конечниот договор мора да го постигнат Москва и Киев.

Путин потврди и дека Русија продолжува да контактира со администрацијата на Доналд Трамп за мировно решение.