70% од компаниите што добиле консултантска помош од ЕБОР забележале раст за 50%
30.09.2014 13:56
Досега околу 600 мали и средни компании имаат добиено поддршка за нивниот раст...

70 проценти од компаниите што добиле консултантска помош од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го зголемиле бизнисот за 50 насто, извозно се преориентирале и создале свој бренд.
Европската банка за обнова и развој во Тетово, Битола и во Скопје почнува со информативна кампања за вредноста на бизнис советувањето и трансфер на практично знаење за малите и средни претпријатија.
Целта на кампањата е да се истакне вредноста на знаењето за раст на бизнисот и постигнување комерцијален успех.
Досега околу 600 мали и средни компании имаат добиено поддршка за нивниот раст и отварање на нови работни места.
