„Ел Нињо“ носи суши, поплави и горештини
Прогнозите за „Ел Нињо“ се особено важни за земјоделството, здравството, водоснабдувањето, енергетиката и службите за управување со катастрофи...

Според прогнозите на глобалните центри на Светската метеоролошка организација постои речиси 100-процентна веројатност „Ел Нињо“ да продолжи во текот на есента и зимата и да се задржи најмалку до февруари 2027 година. Тоа значи дека во различни делови од светот може да се зголеми веројатноста за долготрајни суши, екстремни горештини, обилни врнежи и поплави. Генералната секретарка на Светската метеоролошка организација, Селест Сауло, ги повика владите, метеоролошките служби, цивилната заштита и хуманитарните организации навреме да се подготват.
Прогнозите за „Ел Нињо“ се особено важни за земјоделството, здравството, водоснабдувањето, енергетиката и службите за управување со катастрофи. Раните предупредувања пак овозможуваат мерки да се преземат пред сушата, поплавите или екстремната топлина да прераснат во големи кризи.
