Прилеп

Има градинки, ама нема персонал

04.09.2026 14:01

Прилепските градинки се со полн капацитет. Ако порано немаше градинки, сега не се проблем. Недостига персонал поради што има листа на чекање...

Градинки има, ама нема персонал, па листата на чекање за упис на најмладите во Прилеп останува актуелна. Во седумте градинки се згрижени речиси 1.500 дечиња, ама 150-тина чекаат на упис и покрај новата градинка во прилепската населба Точила.

Градинките чекаат согласности за да вработат 30-член персонал, меѓу кои воспитувачи и негуватели. Новата градинка „Бајка“ е со половичен капацитет исполнета, но ако добијат персонал, листата на чекање не би била проблем.

Во населените места, само во прилепското село Бероци има градинка со 12 дечиња. Простор има и на други места, но засега нема интерес за упис.

Елизабета Митреска