Николоски: Градежништвото силен двигател на македонската економија
Градежништвото порасна за 21,9 отсто во второто тримесечје од 2026 година...

Градежниот сектор во второто тримесечје од годинава бележи раст од 21,9 отсто во споредба со истиот период лани, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Според Николоски, во второто тримесечје се завршени градежни работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари, односно околу 242 милиони евра.
Тој оцени дека растот на градежништвото е значаен поддржувач на домашната економија и оти резултатите се потврда за ефектите од владините политики и инвестиции.
Николоски посочи дека инвестициите во автопатишта, експресни патишта, железницата, аеродромите и повеќе од 1.200 проекти во општините ќе продолжат со засилено темпо.
„Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија“, напиша Николоски на својот Фејсбук профил.
