Свет

Во Европа пораст на жртви од западна нилска треска

04.09.2026 12:11

Европа сè уште бележи пораст од жртви со западна нилска треска...

Европа сè уште бележи пораст од жртви со западна нилска треска. Во Романија досега регистрирани 58 случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил, од кои три смртни.

Холандија бележи појава на вирусот на Западен Нил кај девет лица од почетокот на летото, а едно лице починало како последица на инфекцијата, соопшти Националниот институт за јавно здравје и животна средина.

Во Хрватска се потврдени седум инфекции со вирусот на Западен Нил, од кои пет се поврзани со Загреб и загрепската жупанија. Ситуацијата во Загреб дополнително го привлече вниманието откако вирусот беше лабораториски потврден кај пет угинати гаврани.

Вкупно осумнаесет случаи на западнонилска треска се регистрирани во Србија, објави Институтот за јавно здравје на Србија.

Најизразен пораст во непосредното соседство во моментов се забележува во Грција. Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција – до вчера регистрирани се 290 случаи на инфекција со вирусот на западен Нил и 24 смртни случаи кај заразени лица, при што само во последната седмица биле потврдени 58 нови случаи и 5 нови смртни случаи.