Финансиска полиција

Кривична пријава за даночно затајување, буџетот оштетен за над 4,5 милиони денари

04.09.2026 15:05

Според Финансиската полиција, пријавениот Б.З. не ги прикажал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 30.946.170 денари, со што не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка од 3.094.617 денари.

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против сопственик и управител на правно лице, како и против компанијата, поради сомнение за даночно затајување.

Според Финансиската полиција, пријавениот Б.З. не ги прикажал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 30.946.170 денари, со што не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка од 3.094.617 денари.

Дополнително, во даночниот биланс не ги прикажал како непризнаени расходи дадените, а невратени позајмици кон физички лица во износ од 14.254.665 денари. За нив не бил пресметан и платен данок на добивка од 1.425.467 денари.

Со овие дејствија, според пријавата, Буџетот на Северна Македонија е оштетен за вкупно 4.520.084 денари.

Финансиската полиција случајот го квалификува како кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик.