Унгарски кредит

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит

04.09.2026 13:12

Милијардата од Унгарија сега под политичка лупа и во Скопје – СДСМ бара Обвинителството да го истражи патот на парите, откако унгарските истражители влегле во „Ексимбанк“ и одзеле илјадници страници документација. Мицкоски не отстапува ниту чекор – „нека отворат истрага“. Тврди, кредитот е чист, парите се трошеле транспарентно и нема од што да стравува…

Опозициската СДСМ бара Обвинителство да отвори истрага за унгарскиот кредит од една милијарда евра, откако унгарските власти започнале истрага поврзана со работењето на Ексимбанк. Националното истражно биро одзело илјадници страници документација поврзана со работењето на оваа банка па македонските институции мора да ги проверат сите околности поврзани со кредитот, особено потеклото и текот на парите, велат од СДСМ.

Премиерот Мицкоски вели Обвинителството нека отвори истрага.

Претходно премиерот веќе посочи дека не стравува поради какви било проверки бидејќи како што образложи кредитот бил дел од стратешкото партнерство меѓу двете држави, дека е потврден од владите и парламентите во Скопје и Будимпешта и оти средствата се потрошени на транспарентен начин.

 

Фиљана Кока