Култура

Во Белград изложба на последниот творечки опус на Родољуб Анастасов

04.09.2026 20:52

Изложбата ќе биде отворена на 8 септември со почеток во 20 часот, како дел од одбележувањето на Денот на независноста.

По повод 35 години независност, на 8 септември во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Белград ќе биде претставен последниот творечки опус на еден од најзначајните македонски сликари, проф. Родољуб Анастасов.

Изложбата ќе биде отворена на 8 септември со почеток во 20 часот, како дел од одбележувањето на Денот на независноста.

Родољуб Анастасов (1935–2026) остави значаен белег во македонската ликовна уметност. Неговото творештво е препознатливо и надвор од земјава, а според Американскиот библиографски институт бил прогласен за еден од 500-те најгенијални умови на 21 век.