Македонија

Кривични за даночно затајување и перење пари во Струмица

04.09.2026 19:25

Струмичка фирма, но и две физички лица се осомничени дека затаиле данок и переле пари. Полицијата пронашла околу 600 илјади евра за кои нема потполна документација пред извесен период исплатиле и половина милион евра на физичко лице...

Две физички и едно правно лице од Струмица ќе одговараат за даночно затајување, перење пари и лихварство. Полицијата во дом и простории пронашла околу 600 илјади евра – пари за кои не се знае потеклото. Дополнителната полициска истрага утврдила дека во 2018-тата биле исплатени и 500 илјади евра на физичко лице исто така за кои немало соодветна документација кажа директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

Освен одговорност за криминалот наша цел е да се вратат парите во Буџетот кажа директорот на финансиската полиција Слободан Ивановски институција која исто така е вклучена во истрагата за потеклото на парите.

Осомничениот правен субјект како што беше кажано за последната година има даночно затајување од околу 2 милиони денари.

Ване Трајков