Македонија

Изменето работното време на шалтерот за одобренија за патување на деца во странство

04.09.2026 15:39

Шалтерот на Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, од понеделник до петок ќе работи од 09:00 до 17:00 часот, а во сабота нема да работи.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е изменето работното време на шалтерот каде што се издаваат „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“, односно за деца до 14 години.

Согласно новото работно време, услугата ќе биде достапна од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот.

Во сабота шалтерот нема да работи.

Од МВР ги повикуваат граѓаните навремено да ги планираат посетите согласно изменетото работно време, со цел непречено и ефикасно издавање на одобренијата.