„8 Септември“ – државната награда за животно дело му припадна на Трајчо Димков
Државната награда „8 Септември“ за животно дело годинава му припадна на Трајчо Димков за неговиот исклучителен придонес во развојот и афирмацијата на спортот. Признанија за спортски остварувања добија и Димче Ангелов, Ацо Крстов, Дејан Ангеловски и Ангел Мицевски.

Државната награда „8 Септември“ има посебна тежина затоа што го носи името на Денот на независноста, а таа симболика потсетува дека големите спортски достигнувања не се само лични успеси. Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план (борење) годинава е во рацете на Трајчо Димков.
Признанија за спортски остварувања на спортисти, тренери (селектори) и спортски работници за остварувања во областа на спортот добија Димче Ангелов, Ацо Крстов, Дејан Ангеловски и Ангел Мицевски.
„Вашите резултати се дел од историјата на македонскиот спорт, а вашето знаење е пример и основа врз која треба да ја градиме неговата иднина“, порача првиот човек на Министерството за спорт.
Државната награда „8 Септември“ се доделува секоја година и е едно од највисоките национални признанија во областа на спортот. Се доделува за значајни остварувања и придонес кон развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.
На конкурсот аплицирале девет кандидати, а шест за наградата за животно дело.
Ана Јосифоска
