Мицкоски: Тезите на опозицијата за јавниот долг се небулозни
Премиерот Мицкоски ги оцени како небулозни и неосновани последните тези на пратениците од СДСМ во врска со состојбата со јавниот долг и најавените нови задолжувања. Тој оцени дека растот на бруто-домашниот производ од 4,3 проценти во вториот квартал од годинава е потврда дека економските политики на Владата даваат резултати...

Премиерот Христијан Мицкоски ги оцени како небулозни и неосновани последните тези на пратениците од СДСМ во врска со состојбата со јавниот долг и најавените нови задолжувања.
Тој појасни дека заемите на Јавното претпријатие за државни патишта не влегуваат во јавниот долг бидејќи се рамковни, и се запишуваат во Ребалансот на Буџетот по завршувањето на активностите. Што се однесува за втората теза за задолжување на меѓународен пазар, Мицкоски нагласи дека таа се однесува на издавање еврообврзница за следната година.
Премиерот Мицкоски оцени дека растот на бруто-домашниот производ од 4,3 проценти во вториот квартал од годинава е потврда дека економските политики на Владата даваат резултати. Според него, станува збор за период на исклучително висока економска активност, при што Македонија бележи континуиран економски раст и покрај послабите економски движења кај најголемиот трговски партнер – Европската унија и земјите од еврозоната.
Мицкоски порача дека Македонија ќе продолжи да оди напред како и дека се работи да се решат сите проблеми кои ги наследија од претходната Влада.
Марина Стојанова Тонева
