Македонија

Меѓуврсничкото насилство – предизвик за надлежните

04.09.2026 17:56

Насилството не почнува со првата тупаница – алармот може да се вклучи многу порано. Навреда, понижување или ненадејна промена во однесувањето на детето се сигнали што училиштата веќе не смеат да ги игнорираат. Бројот на пријави до министерството за образование пораснал од 49 на 57 за една учебна година – а најавата е дека борбата против врсничкото насилство од проект треба да прерасне во постојан систем.

Ако порано само тупаница, шлаканица, значеше насилство, сега свеста е поткрената, па преземаме мерки кога некој упатува навредливи зборови кон својот соученик или соученици, вели директорката на основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од скопски Центар. Осцилациите во однесувањето на ученикот го вклучува алармот дека нешто се случува и се почнува со разговор.

Министерката за образование вели, проектите коишто започнаа за спречување на меѓуврсничко насилство ќе станат дел од континуиран систем кој ќе се одржува. Сите институции мора будно да го следат однесувањето на младите.

На електронската адреса за пријавување насилство на МОН во учебната 2024/2025 година биле евидентирани 49 пријави, додека во учебната 2025/2026 година бројот се зголемил на 57.

Наташа Јанчиќ Менковски