Македонија

ЦУК: Пожарот кај Грачани сè уште активен

05.09.2026 09:12

Во последното деноноќие Центарот за управување со кризи регистрирал 31 пожар на отворен простор, од кои 2 се активни, 5 се под контрола и 24 се изгаснати...

Во последното деноноќие Центарот за управување со кризи регистрирал 31 пожар на отворен простор, од кои 2 се активни, 5 се под контрола и 24 се изгаснати. 

Активни се пожарите во општина Ѓорче Петров, село Грачани – пожарот е активен и на територијата на Република Косово и Општина Македонски Брод, кај селото Белица, месност Кајорец.