Струмица

До крајот на годината струмички Комуналец ќе добие нови пет нови возила

05.09.2026 18:04

До крајот на годината струмички Комуналец ќе добие нови пет нови возила. Вака најавија од општината бидејќи комуналното се соочува со застарен возен парк и чести дефекти на возилата. Нови возила бараат и струмичани...

Преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Општина Струмица ќе добие специјализирано комунално возило за собирање на комунален отпад во вредност од 150 илјади евра.

Првиот човек на Струмица Петар Јанков најави набавка и на други комунални возила за струмички Комуналец.

Струмички Комуналец подолг временски период се соочува со застарен возен парк во делот на собирање и одлагање на комуналниот отпад. Граѓаните бараат обнова.

Наредниот период Струмица од Владата треба да добие електрично возило за метење но и возило цистерна за миење на улиците кое може да служи и за други цели.

Ване Трајков