Изградена првата градинка во Општина Могила
Изградена првата градинка во Могила, во која треба да бидат згрижени околу 40 дечиња. Ова беше долгогодишно барање на жителите на општината.

Нова можност во Општина Могила. Конечно и мајките ќе можат да градат своја кариера откако е изградена првата градинка во која ќе бидат згрижени четириесетина деца. Малата Николија со нетрпение чека да бидат отворени нејзините врати.
Ова значи тројна шанса. Децата да раснат со соодветна едукација и социјализација, вработувања за могилчани, а за мајките можност, место дома, да градат сопствена кариера.
Во градинката вработување ќе добијат четири воспитувачи, исто толку негуватели како и технички и административен персонал, жители на општината.
Општината одбележува три децении од своето постоење. Во неа гравитираат дваесет и три населени места. Засега нема масовно иселување на младите, а наталитетот оди во добра насока.
Ружица Аџикотарева Ѓоршевска
