Американски предлог за крај на војната во Украина
САД испрати посредници во Москва и Киев со нов предлог за ставање крај на војната во Украина. Американскиот претседател Трамп смета дека идејата е добра и постои можност за завршување на војната. Украинскиот претседател Зеленски сака да види што содржи предлогот и одговорот од Москва...

Нов обид за мировен договор за Украина, инициран од Вашингтон. Американскиот претседател Трамп ги испрати медијаторите Џаред Кушнер и Стив Виткоф на дводневна мисија во Москва и Киев. Најавите се дека со себе носат нов американски предлог за ставање крај на војната.
„Ги испратив Виткоф и Кушнер, двајца одлични преговарачи. Тие носат со себе предлог за завршување на војната. Ги испративме за да видиме дали можеме да постигнеме нешто да направиме. Имаме идеја за мир и можеби постои голема шанса да го оствариме тоа“, изјави Доналд Трамп-претседател на САД.
Најновиот американски предлог доаѓа неколку дена по средбата на американскиот и рускиот министер за финансии Бесат и Силуанов во САД, на која разговарале за мировниот план од 28 точки, кој Киев во ноември го отфрли како барање за предавање, а потоа и ревидираниот план од 20 точки. Украинскиот претседател Зеленски потврди дека американските посредници Виткоф и Кушнер доаѓаат во Киев и дека украинските сили нема да го напаѓаат руското небо додека тие се во Москва.
„Наша цел е да ја направиме посетат на американските посредници што е можно поконструктивна и содржајна. Ќе видиме што содржи предлогот на Стив и Џаред и за што разговарале во Москва. Потребно е да разгледаме реални можности за да го се придвижиме кон ставање крај на оваа војна“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.
Москва засега воздржана. Рускиот претседател Путин претходно изјави дека конечен договор за завршување на војната може да постигнат пред сè Русија и Украина, додека другите земји можат да помогнат во тој процес.
Ирина Гелевска
