Србија

Вучиќ најави дека ќе се кандидира за премиер

05.09.2026 18:49

Неговата партија, српска напредна странка едногласно донесе одлука тој да ја предводи листата.

Српскиот претседател Вучиќ најави дека следниве неколку дена ќе се распишат изборите. Ќе се кандидира за премиер. Неговата партија, Српска напредна странка едногласно донесе одлука тој да ја предводи листата. Вучиќ рече дека тоа е голема чест за него, но и оти чека да види што ќе каже народот на 25 октомври, со што и навести кога ќе се одржат парламентарните избори.

По истекот на сегашниот мандат како претседател на Србија, Вучиќ, повеќе немаше право да се кандидира за таа функција.