Македонија
17 години од бродската несреќа во Охрид
05.09.2026 16:24
На петти септември 2009 година, околу 10:30 часот, бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релација Охрид – манастир „Свети Наум“, се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, кај автокампот „Елешец“.

17 години од трагедијата на Охридското езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи. На петти септември 2009 година, околу 10:30 часот, бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релација Охрид – манастир „Свети Наум“, се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, кај автокампот „Елешец“.
Бродот беше извлечен од езерото на 19 септември 2009 година и одвлечен до каналот Студенчишта, каде што се наоѓа и денес, како нем сведок на трагедијата.
