Различна диоптрија
Премиерот Мицкоски уверува – државата се консолидира, проблемите се решаваат. Опозицијата критикува – Македонија забрзано се задолжува...

Македонија е убедливо пред земјите од регионот според растот на БДП – вели премиерот Мицкоски, кој е охрабрен од економските параметри што ги објави Државниот завод за статистика. Според шефот на Владата, овој тренд покажува дека државата после три години конечно се консолидира. Дали е доволно, Мицкоски вели не е, но тврди оти Владата прави се за да ги реши наследените проблеми. Тој прогнозира оти годината ќе финишира со раст на економијата од 3,5 до 4 проценти.
По долго период извозот расте побрзо од увозот – покажаа податоците на Статистика. Има намалување на дефицитот во трговската размена. Ваквите податоци ги надминаа и очекувањата на владата, вели Мицкоски.
Но, опозицијата не е убедена во бројките. Партијата на Филипче со обвинување до Кочоска и Мицкоски оти како што велат го фингирале јавниот долг. СДСМ смета дека задолжувањето е показател за недостиг на средства во Буџетот и предупредуваат дека земјата се движи кон јавен долг од околу 12 милијарди евра.
Претходно лидерот на СДСМ Филипче објави дека Владата донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијарди евра.
Викторија Милевска
