Нов обид за селекција на отпад во Куманово
Ќе се селектира ли отпадот или повторно ќе остане само идеја? Куманово со нов пилот-проект за селекција на пластичен отпад и лименки. 200 домаќинства добија канти. Целта е помалку отпад на депониите и чекор поблиску до циркуларна економија. Претходните обиди беа неуспешни…

Дваесет домаќинства од кумановската населба Зелен рид, ќе селектираат пластичен отпад и лименки. Акцијата би требало да се шири и во други делови на градот. Проектот јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ го реализира со Општина Куманово, Центарот за климатски промени и Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Кантите се бесплатни ги делиме улица по улица, куќа по куќа. Фирма има обврска да врши празнење на кантите на секои две недели. Во нив исклучиво ќе се фрла и депонира пет амбалажа, алуминиумска фолија“, истакна директорот на ЈП Чистота и Зеленило, Сашо Томиќ.
„Кантите кои ќе бидат доделени да ги користат стриктно за пластика и лименки, за да не дојде до мешање со комуналниот отпад“, дополни Александра Георгиевска Протиќ, раководителка во Одделние за животна средина Општина Куманово.
На овој начин би требало да се намалат количините отпад кои завршуваат на депониите, и постепено да се воведува циркуларната економија.
„Примарната селекција е неопходна во процесот на воспоставување на регионалниот систем на управување со отпад нешто што понатаму ќе следи ќе се спроведува во нашата држава“, посочи Бојана Станојевска Пецуровска, Центар за климатски промени.
Куманово уште во 2018-та година имаше обиди за селекција на пластика, стакло и хартија. Тогаш на 15 локации во градот се поставија садови. Од комуналното претпријатија информираа дека делови од градот позитивно реагирале на примената. Но имаше и случаи на уништени садови. Граѓаните не веруваат дека ќе има резултати.
„Немаме култура, инаку правилно е. Јас уште 65 студирав во Риека, уште тогаш таму имаше селектирање на отпад, ние многу доцниме“, вели еден граѓанин.
„Далеку сме од културата, градоначалникот, градот се бори но народот е на ниско ниво“, нагласи трет граѓанин.
„Би требало да профункционира мора да почне од некаде, загрижувачка е состојбата по еден месец ги нема“, истакна трет жител.
Садови за текстилен отпад лани се поставија пред градинки и основни училишта.
Елена Георгиевска
